Top Sport

Нема лутиш! Синот на Кристијано во дрес на Манчестер јунајтед

Кристијано Роналдо, и покрај неславната разделба со Манчестер јунајтед, очигледно нема проблеми со клубот за кој играше во два периоди во својата кариера, откако на семејниот одмор во Португалија, неговиот син беше во дрес на „ѓаволите“.

Роналдо си замина од „Олд Трафорд“ во ноември по бурното интервју во кое го критикуваше клубот, газдите, менаџерот Ерик Тен Хаг и неговите соиграчи, за да потпише богат договор со саудискиот Ал-Наср. Во фотографиите на Инстаграм профилот на неговата партнерка Георгина Родригез, неговиот најстар син, пак, носи дрес на ПСЖ.

Scroll to Top