Сопственикот на Тотенхем, Џо Луис му советувал на претседателот Даниел Леви да му постави ултиматум за потпишување на нов договор на Хери Кејн слично како што Пари Сен-Жермен му направија на Килијан Мбапе ова лето, тврди „Телеграф“.
Кејн влегува во последната сезона од неговиот договор со Тотенхем, кои се обидуваат да го убедат да потпише супер-богато продолжување на договорот откако Баерн Минхен трипати поднесоа понуда за него ова лето. Според британските медиуми, Луис решил дека Кејн мора да потпише и во спротивност ќе биде продаден бидејќи клубот нема да дозволи тој да замине како слободен играч следното лето.
Ова наликува на ултиматумот кој му го дадоа ПСЖ на Килијан Мбапе, каде што ситуацијата отиде дотаму што Французинот не отиде со клубот на азиската турнеја и беше приморан да тренира со резервите на тимот.
Манчестер јунајтед беа најзаинтересирани за Кејн ова лето, но нивниот интерес исчезна поради сумата од 100 милиони фунти која ја бара Тотенхем, но според „Телеграф“, „ѓаволите“ би можеле да се вратат во трката ако се смени ставот на Тотенхем. Баерн остануваат први фаворити за неговиот потпис, но тука секогаш се и Пари Сен-Жермен, кои токму во Кејн може да најдат замена за Мбапе.
Tottenham chairman Daniel Levy understood to have been told by Spurs owner he must sell Harry Kane this summer if he cannot persuade the England striker to sign a new contract. Doesn’t want £100m asset running down contract and leaving for free #THFC https://t.co/6s8mrWkfO5
— James Ducker (@TelegraphDucker) July 23, 2023