Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше импресиониран со дебито на „комплетниот фудбалер од средниот ред“ Џуд Белингем при 3:2 победата над Милан во подготвителниот меч во Калифорнија.
Англискиот фудбалер играше првпат за Анчелоти по трансферот од 88.5 милиони фунти од Борусија Дортмунд, останувајќи на теренот 64 минути пред да биде заменет со Нико Паз.
„Бев навистина импресиониран од Белингем. Тој играше многу добро и тимот треба да се навикне на неговиот квалитет, кој е несомнен. Начинот на кој влегува во шестнаесетникот е многу важен за нашиот стил на игра. Тој е комплетен играч од средниот ред и ќе донесе интензитет и брзина во нашата игра. Се движи добро и без топка и е сосема различен од другите играчи кои ги имаме. Знае да го контролира просторот и ќе ни донесе нова димензија во играта“, изјави Анчелоти.