Top Sport

(Видео) Шака Хислоп колабираше додека го најавуваше мечот Реал-Милан

Поранешниот голман на Њукасл и Астон вила, Шаака Хислоп колабираше додека го најавуваше мечот помеѓу Реал Мадрид и Милан во Пасадена, Калифорнија, но за среќа е во добра состојба и ја повратил свеста.

Хислоп коментираше за „ЕСПН“ покрај новинарот Ден Томас, кога почна да се тетерави и падна на теренот. Неговиот колега испаничи и веднаш ги повика лекарите.

54-годишниот Хислоп се повлече од фудбалот во 2007 година, по што работеше како новинар за „Гардијан“, а од 2008 година е во „ЕСПН“.

Scroll to Top