Челси ќе бараат алтернатива за Моисес Каиседо бидејќи не се подготвени да им платат 100 милиони фунти на Брајтон за Еквадорецот, тврди „Ивнинг стандард“.
Споредд нивните информации, Челси им порачале на Брајтон дека нема шанси да ја платат таа сума и веќе имаат „пикирано“ три алтернативи – Мохамед Кудус од Ајакс, Ромео Лавија од Саутемптон и Габри Веига од Селта Виго.
На новиот менаџер Маурисио Почетино ќе му бидат потребни засилувања, откако направи вистинска „чистка“ во клубот со продажба на повеќе играчи во Саудиска Арабија, но во Премиерлигата. Тие уште не завршиле со продажбата и подготвени се да го продадат Конор Галагер, за кого се заинтересирани Вест хем и Тотенхем.