Манчестер јунајтед не го менуваат својот приоритет и ќе се фокусираат на напаѓачот на Аталанта, Расмус Хојлунд и покрај „лудите“ трки за Килијан Мбапе и Хери Кејн, кои го потресуваат пазарот на играчи ова лето, тврди „Скај спортс“.
Ерик Тен Хаг го сака Хојлунд како засилување од јануари, и смета дека со младиот Данец ќе се реши проблемот со недостаток на вистински напаѓач по заминувањето на Кристијано Роналдо, и не е подготвен да влегува во трката за Килијан Мбапе и Хери Кејн, кои имаат ултиматуми од своите клубови за трансфер ова лето.
Според британските медиуми, Јунајтед исто така се откажале од обидот да го донесат Рандал Коло-Муани од Ајнтрахт Франкфурт, и се фокусираат само на Хојлунд со понуда која ќе биде доставена во следните неколку дена.