Ромелу Лукаку неповратно ги расипа односите со Интер, пишуваат италијанските медиуми кои се сѐ поубедени дека напаѓачот на Челси ќе замине во Јувентус. Се чинеше дека Лукаку ќе остане во Интер и по позајмицата, но клубот се откажа од него во моментот кога сфати дека преговара и со Јувентус.
„Старата дама“ е опцијата број еден на Лукаку и за да се врати во Италија одби богата понуда од Саудиска Арабија.
Италијанците пишуваат дека Јувентус ќе се обиде да го доведе без разлика дали ќе го продаде Душан Влаховиќ. Србинот е цел на ПСЖ, но и на Реал Мадрид и на Баерн Минхен.