Top Sport

Том Брејди ја ќари Ирина Шајк?

Руската манекенка Ирина Шајк помина романтична вечер во Лос Анџелес со Том Брејди, откриваат американските медиуми.

Ирина Шајк славата ја стекна најмногу поради петгодишната врска со Кристијано Роналдо. Русинката се забавуваше со Португалец од 2005 до 2010 година.

Изгледа дека згодната Русинка повторно го привлече вниманието на еден спортист, исто така еден од најдобрите во историјата, НФЛ ѕвездата Том Брејди. Пензионираниот Брејди беше „уловен“ како флертува со Ирина Шајк за време на викендот.

45-годишниот најголем спортист во историјата ја зеде Русинката од хотелот „Бел-Ер“ во петокот попладне, а потоа се упатија кон неговиот дом во Лос Анџелес, каде што поминаа романтична вечер.

Дури во 9 часот и 30 минути следното утро Том Брејди ја врати во хотелот, за подоцна во сабота да ја земе повторно со својот црн „Ролс Ројс“, за повторно да бидат заедно. Очевидци тврдат дека во еден момент таа нежно го галела по лицето, што дава навестување дека има нешто повеќе во нивната врска.

Том Брејди е сингл откако раскина со манекенката Жизел Бундшен во есента 2022 година. Оттогаш, тој е поврзуван со неколку познати личности како Ким Кардашијан или Емили Ратајковски. Сега очигледно се забавува со Ирина Шајк.

 

Scroll to Top