Top Sport

Бугарскиот тим Левски остана без еден фудбалер на македонската граница

Бугарскиот клуб Левски кој утре игра против Шкупи во Скопје, во квалификациите на Конференциската лига, остана без еден фудбалер минувајќи ја македонската граница.

Бугарскиот тим утрово се упати за Македонија, но во нашата држава влезе без францускиот дефанзивец Џереми Петрис на кого не му беше дозволен влез во Македонија. Сепак, не се работи за скандал.

Едноставно фудбалерот го заборавил пасошот, па мораше да се врати во Софија, а ќе пристигне дополнително, со автомобил.

Натпреварот меѓу Шкупи и Левски се игра утревечер, со почеток од 21 часот, на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Scroll to Top