Top Sport

Маркињос го поддржа Мбапе, ПСЖ го стави на трансфер-листата

Килијан Мбапе одби да го продолжи договорот со ПСЖ и францускиот шампион реши да го продаде. Во ПСЖ не сакаат нивниот напаѓач на крајот на сезоната да замине без оштета, како слободен играч.

Поради одлуката да не го продолжи договор, Мбапе создаде токсична атмосфера во клубот. На своја кожа тоа го почувствува капитенот Маркињос. Бразилецот на прес-конференцијата изјави дека сака да продолжи да игра покрај Мбапе и со тоа ги налути челниците на клубот. Веднаш реагираа и решија да г стават на трансфер-листата.

Веста ја пренесува фудбалскиот портал „Goal.com“, со објаснување дека ПСЖ решиле да го продадат Маркињос бидејќи неговата реакција била протолкувана како недостиг на поддршка за клубот во моменталната ситуација.

Маркињос е член на ПСЖ од 2013 година и има одиграно повеќе од 400 натпревари за клубот откако пристигна од Рома.

„Трансфермаркт“ го проценува стоперот на бразилската репрезентација кој има 29 години на 65 милиони евра, а е под договор до летото 2028 година.

Scroll to Top