Англискиот премиерлигаш Арсенал ја откри статуата на легендарниот клупски менаџер Арсен Венгер пред стадионот. Ја изработи скулпторот Џим Гај во бронза, а францускиот стратег е фотографиран како го крева трофејот во Премиер лигата. Статуата е висока 3,5 метри и тежи речиси половина тон.
Венгер помина импресивни 22 години (1996 – 2018) на чело на Арсенал, водејќи го тимот на вкупно 1.235 натпревари во сите натпреварувања. Под негово водство „топчиите“ освоија три титули во Англија, а во 2003/04 година станаа единствениот тим во историјата на Премиерлигата без ниту еден пораз на првенствен натпревар во текот на целата сезона.
Тој е и менаџер со најмногу освоени ФА купови, откако ги предводеше лондончани до 7 трофеи ова натпреварување. Поранешниот менаџер не успеа да триумфира со тимот во Европа, најблиску до овој успех беше во 2000 година за Купот на УЕФА (поразен од Галатасарај во финалето) и во 2006 година, кога Арсенал го загуби првото финале во Лигата на шампионите со 1:2 од Барселона.
За сите овие достигнувања, Венгер стана шестиот човек кој доби статуа пред „Емирати“, по Тони Адамс, Денис Бергкамп, Херберт Чепмен, Кен Фрајер и Тиери Анри.
Arsenal unveil a statue of Arsène Wenger outside of the Emirates.
Legend ❤️ pic.twitter.com/ihKZCxWmjg
— B/R Football (@brfootball) July 28, 2023