Top Sport

Робев: Не сме со најсилен состав, но се надевам на добри игри на турнирот во Талин

Дамјан Робев си го најде своето место во сениорскиот кошаркарски состав на Македонија. Беше важен дел од успешно реализираните натпревари во првиот круг од претквалификациите за Евробаскетот во 2025 година.

Од него стручниот штаб очекува да продолжи во ист ритам и на турнирот кој следува. Уште еден претквалификациски, но сега многу поважен, за настап на Олимпијадата во Париз.

„Секогаш е убаво чувството да се игра за националниот тим. Сите што сме тука сме дојдени да го дадеме својот максимум. А на максимален ефект ќе одиме и на турнирот во Талин. Факт е дека имаме доста ослабен ростер, дека многу играчи се повредени. Но се надевам дека ќе се прикажеме во едно добро издание и дека ќе дадеме се од себе“, вели Робев.

Репрезентативниот бек вели дека не постојат фаворити во нашата група на турнирот во Талин.

„Нема фаворити меѓу овие репрезентции, пред сѐ затоа што сите доаѓаат со ослабен ростер. Не можат сите да дојдат во ‘фул’ состав. Оттука мислам дека ќе имаме шанси да се натпреваруваме, да бидеме ‘пата-пата’ со сите. И дека на крајот ќе поминеме добро“, смета Робев на истек на првата работна седмица од подготовките на кошаркарскиот национален тим во Скопје.

 

Scroll to Top