Top Sport

Огромна ѕвезда, а толку обичен: Ѓоковиќ играше фудбал со деца во Црна Гора (ФОТО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ зема мал одмор откако пред две недели го загуби финалето на Вимблдон од Карлос Алкараз. Тој замина за Црна Гора, а изненадувачки се појавил на фудбалско игралиште во Црна Гора, каде играл фудбал заедно со локалните деца.

Токму затоа Србинот е омилен, бидејќи умее да биде сосема обичен и да сподели моменти со неговите обожуватели.

Децата биле одушевени, откако Ѓоковиќ поделил автограми и се фотографирал со сите, а потоа и продолжил да тренира самостојно.

Следен предизвик за Новак Ѓоковиќ е настапот на Мастерсот во Синсинати.

 

Scroll to Top