Top Sport

(ВИДЕО) Галатасарај го промовираше Мауро Икарди

Мауро Икарди е нов играч на Галатасарај со кој потпиша тригодишен договор. Турскиот клуб го претстави како големо засилување, иако тој е веќе одомаќинет во турскиот гигант.

Аргентинскиот напаѓач минатата сезона ја мина како позајмен во Галатасарај, каде на 26 натпревари постигна 22 гола и забележа една асистенција.

Икарди во кариерата настапуваше за Сампдорија, Интер и за ПСЖ. За аргентинската репрезентација постигна еден гол на осум настапи.

Scroll to Top