Top Sport

Астон Вила сака да го доведе Адама Траоре

Астон Вила е заинтересирана за робосниот крилен напаѓач Адама Траоре. Шпанскиот интернационалец е слободен играч откако летово му истече договорот со Вулверхемптон.

Траоре е производ на фудбалската школа на Барселона, за чиј прв тим забележа 21 настап, постигна еден гол и имаше четири асистенции.

Тој веќе беше дел од Астон Вила во текот на 2015 и 2016 година, а сега би можел да се врати на „Вила Парк“ како големо засилување. Играше и за Мидлсборо.

 

Scroll to Top