Top Sport

Арда Ѓулер ќе паузира најмалку три месеци

Новото засилување на Реал Мадрид, Арда Ѓулер, ќе паузира долго време, соопштија од клубот. 18-годишниот Турчин се здоби со повреда на коленото за време на турнејата на тимот низ САД и сега е во Шпанија за да започне со лекување.

Му беше дијагностицирана повреда на менискусот на десното колено, откако првично изгледаше дека страда од истегнување на мускулoт.

Сè уште не е јасно колку долго Ѓулер ќе закрепнува, а проценките се движат меѓу три и пет месеци. Песимизмот доаѓа од фактот дека може да биде неопходна и операција.

 

 

Scroll to Top