Нов тренер на Салцбург е 46-годишниот Герхард Штрубер. Tој потпиша двегодишен договор со австрискиот прволигаш.
Штрубер на клупата ќе го наследи Матијас Џесл, кој пред еден ден ја заврши соработката со Салцбург и се пресели во Саудиска Арабија.
Штрубер беше играч на Салцбург, тренерската кариера ја започна во 2007 година во младинскиот дел на клубот, а потоа беше тренер на германскиот нисколигаш Пелетс, англискиот тим Барнсли и Њујорк Ред Бул во САД.