Почетокот на втората работна недела од подготовките донесе нови и добри моменти за кошаркарската репрезентација на Македонија. На тренингот во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје се појавија и капитенот на нашата сениорска репрезентација, Војдан Стојановски, како и повратникот помеѓу „црвено-жолтите“, Ненад Димитријевиќ.
Вечерва во Скопје треба да пристигне и Ти-Џеј Шортс, уште еден од нашите големи адути во пресрет на главните активности ова лето, претквалификациите за Олимписките Игри во Париз кои нашата најдобра селекција ќе ги игра во Талин/
За да не биде сѐ идеално, се погрижи информацијата за повредата на ногата на Виктор Ефремоски. Поради неизвесноста која со себе го носи овој нов момент, селекторот Јончевски се одлучи во работата со националниот тим да го приклучи Марко Миловановиќ, дел од генерацијата на играчи родени 2002 година, во која е и Андреј Андоноски, кој е исто присутен на подготовките за турнирот во Талин.