Садио Мане (31) стана нов играч на Ал Наср, саудискиот клуб за кој настапува Кристијано Роналдо. Откако Баерн ја прифати понудата на Ал Наср за обештетување од 40 милиони евра, Сенегалецот замина во Арабија. Откако ги мина лекарските прегледи, Мане потпипа тригодишен договор. Сенегалецот годишно ќе заработува по 40 милиони евра.
Ал Наср на тој начин продолжува да да го полни тимот со ѕвезди на фудбалската игра. Откако претходно таму заминаа Роналдо и Талиска, летово им се придружија Брозовиќ, како и капитенот на Ленс, Секо Фофана и Алекс Телес, левиот бек на Манчестер јунајтед.
Мане минатото лето пристигна во Баерн со отштета од 32 милиони од Ливерпул, каде за шест години стана легенда и освои се. Но, во Баерн не се снајде и покрај тоа што имаше солидна сезона 38 настапи, 12 гола и 6 асистенции.