Top Sport

Вардар се засили со Азер Омерагиќ

Најтрофејниот македонски клуб Вардар го доведе петтото засилување ова лето. Тоа е Азер Омерагиќ, 21 – годишниот напаѓач кој потекнува од фудбалската академија на клубот.

Омерагиќ доаѓа од второлигашот Скопје, а во досегашната кариера беше дел од и екипите на Хајдук Сплит, Шкупи и на Борец.

Во Првата фудбалска лига на Македонија, Азер Омерагиќ има забележано 32 настапи.

Scroll to Top