Бугарскиот тим Левски ќе има голема поддршка од трибините за реванш мечот против Левски во второто квалификациско коло од Конференциската лига. Според информациите, сите билети се веќе распродадени бидејќи меѓу фановите на Левски владее огромен интерес за овој меч.
На првиот дуел Левски победи со 0:2 во Скопје, но се случија и големи инциденти пред арената „Тодор Проески“, како и низ улиците на градот, а најжестоко беше во Чаир. Поголем број навивачи беа уапсени, а еден беше избоден со нож и сѐ уште се наоѓа во клиника во Скопје.
На „Шверцерите“ сега им е забрането да патуваат на гостувањето во Софија за да се избегнат нови немили сцени.
Реваншот меѓу Левски и Шкупи се игра в четврток на „Георги Аспарухов“ во Софија, со почеток во 19 часот.