Top Sport

Ти-Џеј Шортс: Да дадеме сѐ од себе во Талин и успехот ќе дојде

Ти-Џеј Шортс имаше фантастична сезона на клупски план, а се надева дека добрите игри ќе ги продолжи и во националниот тим на Македонија. Тој се приклучи на подготовките и даде коментар за очекувањата околу тоа што следува за десетина денови, претквалификациите за Олимписките игри во Талин.

„Мило ми е што се вратив во репрезентацијата, екипата и селекторот ми посакаа добредојде и со нетрпение очекувам повторно да го облечам дресот на националниот тим. На секој натпревар ќе одиме на победа и ќе се обидеме да напредуваме“, вели американскиот бек по првиот одработен тренинг во подготовките.

Еден од најдобрите плејмејкери во Европа, во овој момент, смета дека добра работа е што тимот претставува микс на искусни, но и млади, талентирани кошаркари.

„Добро е тоа што во тимот имаме искусни кошаркари и млади, талентирани играчи кои носат енергија. Кога ќе се спојат тие две работи, секогаш придонесуваат за добра атмосфера во репрезентацијата. Треба само да продолжиме да тренираме заедно, да дадеме сѐ од себе и успехот ќе дојде“, истакна Шортс.

Scroll to Top