Единаесет дена пред почетокот на шпанското првенство Барселона има само 13 регистрирани фудбалери. Шпанските медиуми шпекулираат дека така би можело да остане до мечот со Хетафе. Се очекуваше подобрување на финансиската состојба на клубот, но германскиот инвестициски фонд, кој требаше да вложи 65 милиони евра во клубот за 16 отсто од акциите во студиото на Барса, се повлече од зделката. Тие пари требало да се насочат за регистрација на нови играчи во клубот.
Сега постои голема неизвесност дали ќе бидат пријавени Ориол Ромеу, Иниго Мартинез и Илкај Гундоган, а се наведува дека Чави можеби нема да може да ги брои ниту оние со нови договори. Тоа се Гави, Роналд Араухо, Инаки Пења, Маркос Алонсо и Серхи Роберто.
Ињиго Мартинез и Илкај Гундоган имаат клаузули во договорите според кои можат да го напуштат клубот доколку не бидат пријавени до првото коло во Ла Лига, пишуваат шпанските медиуми.