Top Sport

Воска Спорт се засили со Нигериец кој играл во Турција

Дебитантот во Првата фудбалска лига, тимот на Воска спорт, доведе уште едно ново име во пресрет на новата сезона. Тоа е Нигериецот Сикиру Олатунбосун со кого потпиша двегодишен договор.

Крилниот напаѓач доаѓа како слободен играч, а минатата сезона ја помина во Тузласпор во турската прва лига. Во Турција играше и во Менеменспор и Анкараспор, а настапуваше и во Египет за составот на Смуха.

Scroll to Top