Top Sport

Клаксвик реди сензации во ЛШ, Галатасарај го елиминира Жалгирис

Шампионот на Фарски Острови, Класквик, стигна до нова сензација пласирајќи се во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Класквик го елиминирајќи Ференцварош во претходното коло, а сега успеа да биде посупешен и од шведскиот тим Хакен.

Фудбалерите на Клаксвик беа подобри при изведување пенали, откако по продолженијата мечот заврши 3:3. По првиот меч беше 1:1, па падна и Хакен. Во следната рунда шампионот на Фарски Острови ќе игра против Молде, а дури и да не успее да помине понатаму, има загарантирано место во групите од Конференциската лига.

Сервет се пласира во третото квалификациско коло на ЛШ откако беше подобар од Генк. И овој дуел се рфешаваше на пенали. На првиот меч немаше победник (1:1), вечерва беше 2:2, а гостите беа подобри и славеа со 3:4 при изведувањето пенали.

Молде го елиминира Хелсинки совладувајќи го со 2:0, по поразот од 0:1 на првиот меч.

Галатасарај го победи Жалгирис со 1:0 во Истанбул, со прекрасниот гол на Дрис Мертенс. Првиот меч во Литванија заврши 2:2.

Понатаму одат и Макаби Хаифа, Копенхаген, Динамо Загреб и Раков.

Scroll to Top