Top Sport

Јан Зомер ќе биде нов голман на Интер

Швајцарецот Јан Зомер ќе стане нов голман на Интер, тврдат италијанските медиуми.

Зомер минатата сезона бранеше за Баерн Минхен, но по само шест месеци минати во Баварија ќе најде нов клуб.

Искусниот 34-годишен фудбалер пристигнува во Интер во трансфер вреден само 6.000.000 евра, што е за повеќе од 50.000.000 помалку од сумата за која „нероаѕурите“ го продадоа својот стандарден голман од минатата Андре Онана на Манчестер Јунајтед.

Така Интер практично ќе биде во „плус“ над 50 милиони евра, а ќе добие достојна замена за Онана.

Договорот треба да биде официјализиран на почетокот на следната недела.

Scroll to Top