Словенечкиот репрезентативец и кошаркар на НБА шампионот Денвер Нагетс, Влатко Чанчар, заработи тешка повреда, поради која не само што ќе го пропушти претстојниот Мундијал, туку можеби ќе мора да ја прескокне и целата наредна сезона.
Кошаркарите на Словенија прексиноќа против Грција одиграа подготвителен натпревар во ОАКА Арената во Атина, во чест на Никос Галис, како дел од подготовките за Мундобаскетот.
На крајот од првото полувреме, Чанчар тргна на забивање, силно заби и го повреди коленото при приземјувањето, па беше изнесен на носилки од теренот.
Веднаш се виде дека ситуацијата е сериозна, а се потврди дека се работи за сериозен тип на повреда, скинати лигаменти на коленото, и дека Чанчар долго време нема да биде на теренот.