Грчкиот тенисер Стефанос Циципас го освои АТП турнирот од серијата 250 во Лос Кабос. Циципас во финалето го совлада Австралиецот Алекс Де Минаур (АТП – 19.) со 6:3, 6:4.
На петтиот тенисер во светот му беа потребни 87 минути игра за да ја освои и својата прва титула оваа година. За Циципас ова е прва титула по повеќе од една година и пехарот што го освои во Мајорка.
Ова беше 10. меѓусебен дуел на двајцата тенисери и 10. победа на Циципас.
На патот до првиот трофеј сезонава Циципас ги победи Џон Иснер, Никола Џари, Борна Чориќ и споменатиот Де Минор.