Top Sport

Гвардиола: Ако вака го надополнуваат времето ќе се игра до 9 часот наутро

Манчестер сити го загуби третиот Комјунити шилд во низа против Арсенал. Во претходните две години загубија од Лестер и Ливерпул, но губењето на овој трофеј не значи ништо за Пеп Гвардиол. Тоа го покажа со изјава по мечот, а се пожали и на новите правила.

Сити секунди ги дела од победа, имаа водство со голот на Палмер во 77.минута, Арсенал израмни во 101.минута. Потоа „тобџиите“ беа подобри во пенал-рулетот. Четворица играчи на Арсенал погодија, додека кај Сити промашија Де Брујне и Родри. г

По мечот, менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола не беше премногу разочаран и јасно стави до знаење дека не му е важно што три години по ред не успева да о освои Комјунити шилд.

Му честиташе на Арсенал, а потоа се пожали на судиското надополнување на времето во второто полувреме.

Судијата Стјуарт Атвел реши да го продолжи натпреварот за осум минути, поради повреди се играше многу подолго, но тоа е се според новите правила на Премиерлигата.

„Тие ги продолжуваат натпреварите поради постигнатите голови. Ако додадете 30 или 45 секунди за секој постигнат гол, тогаш во натпревар кој ќе заврши 4:3 ќе бидете на теренот до 9 часот следниот ден“, се жали Пеп и дополни.

„За ова треба да се разговара на меѓународно ниво. Никој ништо не ги прашува тренерите, ниту играчите. Дојди играј и прифати ги правилата…

Scroll to Top