Top Sport

Лоренцо на пол-позицијата во Мизано

Хорхе Лоренцо, возачот на Дукати, ја освои пол-позицијата во Мизано, во пресрет на 13.трка во Мото ГП шампионатот. Шпанецот на патеката „Марко Симончели“ потврди дека во овој момент се наоѓа во најдобра форма од сите возачи во „кралската класа“.
Лоренцо до пол-позицијата дојде со време 1:31.629 минути, што е најбрз круг во Мизано уште од 2007 година.

Изненадувањето во квалификациската сесија го приреди возачот на Прамак Дукати, Џек Милер, кој имаше второто најбрзо време, додека првиот ред пред утрешниот старт го комплетираше Маверик Вињалес (Јамаха).

Вториот ред го освоија Андреа Довициозо (Дукати), Марк Маркез (Хонда) и Кал Крачлоу (ЛЦР Хонда).

Зад нов се Роси, Петручи, Зарко, Ринс, Педроса и Морбидели.

Трката за Голема награда на Сан Марино, во „кралската класа“, на програмата е утре од 14 часот.

Scroll to Top