Top Sport

Бернардо Силва го известил Гвардиола дека сака трансфер во Барселона

Бернардо Силва непосредно пред почетокот на сезоната во Премиерлигата решил да го напушти Манчестер Сити. Португалскиот фудбалер разговарал со менаџерот Пеп Гвардиола и му рекол дека повеќе не се гледа себеси во тој клуб, пренесува „Мундо Депортиво“.

„Минатото лето, на крајот од преодниот рок, тој остана без трансфер во Барселона, а сега е свесен дека ова е можеби неговата последна шанса да замине во Барса и да го исполни својот детски сон“, пишуваат каталонските медиуми.

Португалецот верува дека со освојувањето на Лигата на шампионите го заврши својот циклус во Манчестер Сити минатата сезона и дека е време да замине во неговиот омилен клуб и градот што ги фасцинира и него и неговата сопруга.

Гвардиола му вети минатата сезона дека ќе му дозволи да си оди ако Барселона испрати разумна понуда.

 

Scroll to Top