Алексис Санчез е во потрага по нов клуб откако му истече договорот со Олимпик Марсеј. Италијанските медиуми пренесуваат дека агентот на Чилеанецот му ги понудил услугите на својот клиент на Интер.
Санчез наводно е подготвен да го облече дресот на „нероаѕурите“ за „само“ 3 милиони евра годишно, што е многу помалку од приходите што ги имаше за време на претходниот престој на „Џузепе Меаца“.
Алексис Санчез го носеше дресот на Интер од 2019 до 2022 година и за тоа време забележа 109 настапи. Постигна 20 гола и забележа 23 асистенции.