Top Sport

Баерн ги нуди Горецка и Гравенберх за Душан Влаховиќ

Баерн Минхен не успеа да го доведе Хари Кејн од Тотенхем. Баварците се чини дека сега повторно се вртат кон Душан Влаховиќ од Јувентус, а „Тутоспорт“ тврди дека Германците ќе им ги понудат на Италијанците, Леон Горецка и Рајан Гравенберх во замена за српскиот напаѓач.

Во јануари 2022 година Душан Влаховиќ пристигна во Јувентус од Фиорентина за 80 милиони евра, но не ги оправда очекувањата и оценката е дека даде премалку за парите што торинскиот клуб ги плати за него.

Србинот на 63 натпревари за Јувентус постигна 23 гола и имаше шест асистенции.

 

Scroll to Top