Спортскиот директор на Барселона, Матеу Алемани ја потврди продажбата на Усман Дембеле (26).
„Тој е на пат за Париз и договорот е постигнат. Само треба да ги потпишеме сите документи“, рече Алемани.
Дембеле наскоро ќе стане играч на ПСЖ, а Барселона би требало да заработи околу 50 милиони евра.
Да потсетиме, Дембеле пристигна во Барселона пред шест години од Борусија Дортмунд за 140 милиони евра, но никогаш не го реализираше целиот свој потенцијал поради честите повреди и непрофесионалниот пристап кон фудбалот.
Ако се спореди цената која за него ја плати Барселона (тој е најскапото засилување во историјата на клубот) и она што тој му го даде на клубот, сигурно е дека се вбројува меѓу најголемите неуспеси во историјата на клубот.
За шест години одигра 185 натпревари, постигна 40 гола и забележа 43 пати асистенции.