Top Sport

Галатасарај и ПСВ убедливи, Клаксвик со нов триумф во квалификациите за ЛШ

Турскиот гигант Галатасарај и холандскиот клуб ПСВ Ајндховен се блиску до пласман во плеј-оф колото во квалификациите за ЛШ. Галатасарај славеше со 0:3 на гости кај Олимпија Љубљана и ќе има релативно лесна задача на реваншот во Истанбул, а ПСВ Ајндховен на домашен терен го победи Штурм со 4:1.

Актуркоглу, Мертенс и Дервисоглу беа стрелци на головите за Галатасарај, а двоен стрелец за ПСВ беше искусниот Лук де Јонг. Погодија и Бабади и Сангаре.

Хитот во овој дел од квалификациите, тимот на Клаксвик од Фарски Острови, оствари уште еден успех. На домашен терен победи со 2:1 против Молде, со двата гола на Арни Фредериксберг.

Брага ја победи ТСЦ со 3:0, додека Копенхаген и Спарта Прага одиграа без голови.

Scroll to Top