Фудбалерите на Интернасионал го елиминираа аргентинскиот тим Ривер Плејт во осминафиналето од Копа Либертадорес. Натпреварот во Порто Алегре беше исклучително драматичен, а драмата кулминираше во пенал рулетот.
Ривер во Порто Алегре дојде со предност од 2:1, но Интернасионал одлично го отвори реваншот и брзо дојде до водство од 2:0.
Сепак, Ривер успеа да избори продолженија со голот на резервистот Роберто Рохас во 90. минута од натпреварот.
Уште поголема драма следеше во пенал рулетот, каде беа изведени десет сеии. На крајот херојот на Ривер, Рохас стана трагичар, а Интернасионал во четвртфиналето го однесе голманот Роче.
Во првите седум серии, никој не промаши, потоа во осмата не реализираа Пења и Солари, а во десеттата Рохас промаши, а голманот Роче беше прецизен.
Во следната фаза Интернасионал ќе игра против Боливар. Боливијците исто така по избедувањето пенали го елиминираа Атлетико Паранаенсе.