Белгиецот Ромелу Лукаку се споменува како можно засилување за Јувентус ова лето, но со таков потег на раководството не се сложуваат фановите на „старата дама“. Не сакаат да дојде напаѓачот кој досега го носеше дресот на омразениот ривал Интер.
Група ултраси на Јувентус пред стадионот појавија транспарент на кој пишуваше:
„Лукаку, остани во Милано. Веќе имаме втор голман“.
“Lukaku stay in Milano. We already have a second goalkeeper.”
Savage from Juventus ultras outside the stadium 😳
“Here you will never be welcome” was their IG caption to this post. pic.twitter.com/fHMMJhnHLH
— Italian Football TV (@IFTVofficial) August 9, 2023
Како коментар на нивната фотографија на Инстаграм тие додадоа: „Не забораваме што се случи. Никогаш нема да бидеш добредојден овде, Лукаку!!!“
Поводот за ваквата порака на транспарентот е важната ситуација од финалето на Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Интер. Тогаш Белгиецот несакајќи го запре ударот на неговиот соиграч Федерико Димарко, кој можеше да се претвори во израмнување за „нероаѕурите“. На крајот Интер го загуби натпреварот со 0:1.