Top Sport

Шкупи го засили нападот со младинскиот репрезентативец Луан Абази

Македонскиот прволигаш Шкупи го засили нападот со младинскиот репрезентативец Луан Абази. Тој треба да ја засили конкуренцијата во навалната линија на Шкупи по заминувањето на Реналдо Цефас во турскиот клуб Анкарагучу.

„Гледајќи ја сериозноста на раководството, задоволен сум од моето доаѓање во Шкупи. За време на мојот престој во селекцијата на Македонија до 21 година, некои од колегите кои се дел од ФК Шкупи ми кажаа за плановите и амбициите на клубот. Затоа се надевам дека ќе му помогнам клубот на крајот од сезоната да биде шампион и да стигне што подалеку во европските купови“, изјави Абази за официјалниот сајт на клубот.

Луан Абази има двојно државјанство, швајцарско и македонско. Абази дебитираше за швајцарската репрезентација до 17 години, а потоа настапуваше за селекциите на Македонија до 18, 19 и до 21 година.

Scroll to Top