Грчкиот претставник Панатинаикос обезбеди предност од 1:0 против Олимпик Марсеј, по првиот дуел во третото коло од квалификациите во Лигата на шампионите. Францускиот тим важеше за фаворит, но нивните планови ги поремети Џефри Кондогбија кој доби црвен картон во 65.минута.
Фудбалерите на Панатинаикос тоа знаеја да го искористат. Победничкиот гол го постигна Бернард во 83.минута, по една одлична тимска акција на грчкиот состав.
Реваншот се игра по седум дена на „Велодром“ во Марсеј.
BERNARD OUVRE LE SCORE POUR LE PANA FACE À L’OM ! 🇬🇷🤯
— MercaGoals (@Merca_Goals) August 9, 2023