Top Sport

(ВИДЕО) Фановите на Јувентус со инвазија на теренот, во знак на револт за доаѓањето на Лукаку

Јувентус играше тест натпревар против својот младински тим, а веста на вечерта е дека навивачите направија вистинска инвазија на теренот и револтирано побараа од раководството на клубот да го стопира трансферот на Ромелу Лукаку.

Белгиецот е пред портите на „Алијанц“ стадионот во Торино, но ултрасите на Јувентус не сакаат ни да замислат дека тој може да го облече дресот на „старата дама“.

Лукаку минатата сезона играше за најомразениот ривал Интер, па никој во Торино не сака тој да стане нов играч на Јувентус.

Scroll to Top