Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, немаше големи проблеми да обезбеди пласман во четврт-финалето на фјучерс турнирот во Осијек.
Таа во осминафиналето славеше над домашната тенисерка Силвија Нириќ со 2:0 во сетови (6:3, 6:0).
Ѓорческа во четвртфиналето ќе се соочи со руската тенисерка Викторија Кан.