Top Sport

Лина Ѓорческа се пласира во финалето на турнирот во Хрватска

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во финалето на фјучерс турнирот во Осијек, Хрватска.

Ѓорческа во два сета успеа да слави над Романката Далина Амариеи.

Македонската тенисерка го доби првиот сет со 7:5 во гемови, а вториот го комплетираше со 6:4.

Ѓорческа во финалето ќе игра со победничката од дуелот меѓу Лукас од Хрватска и Тодони од Романија.

 

Scroll to Top