Фудбалските репрезентации на Австралија и на Англија ја сочинуваат втората полуфинална двојка на Светското првенство во фудбал за жени.
Австралијките во четвртфиналето во Бризбејн по изведување на пенали ја совладаа Франција со 7:6, откако немаше голови низ текот на играта. Англија беше подобра на мечот со Колумбија и славеше со 2:1.
Во другиот полуфинален дуел на СП ќе се сретнат Шпанија и Шведска.