Олимпик Марсеј оствари победа од 2:1 против Реимс на „Велодром“ и успешно ја стартуваше новата сезона во Лига 1. Иако гостите поведоа на стартот со голот на Џуниа Ито во десеттата минута, Олимпик Марсеј успеа да направи пресврт.
Азедин Оунахи израмни во 23.минута, а победничкиот погодок го постигна Витиња во 73.минута од дуелот.