Џејмс Харден не планира повторно да заигра за Филаделфија 76ерс, откако клубот ги прекина преговорите за можен трејд, влегувајќи во остар напад на претседателот на клубот, Дерил Мори. Зборувајќи во Кина како дел од промоцијата на „Адидас“, 10-кратниот Ол-стар не штедеше зборови.
„Дерил Мори е лажго и никогаш нема да бидам дел од организација во која е тој. Да повторам: Тој е лажго и нема да бидам дел од неговата организација“, вели Харден.
Сиксерси претходно преговараа со Лос Анџелес клиперс за можен трејд, но преговорите беа неуспешни. Харден претходно соработуваше со Мори во осум сезони во Хјустон рокитс, каде што тој беше генерален менаџер.
James Harden: “Daryl Morey is a liar and I will never be a part of an organization that he’s a part of. Let me say that again: Daryl Morey is a liar and I will never be a part of an organization that he’s a part of.” pic.twitter.com/AmHJ0WwbF2
— Shams Charania (@ShamsCharania) August 14, 2023