Top Sport

Ариго Саки: Спалети ќе покаже дека Италијанците не се само за „катеначо“

Легендарниот поранешен тренер на Милан и селектор на италијанската репрезентација, Ариго Саки му даде целосна поддршка на новоименуваниот селектор Лучано Спалети, оценувајќи го како идеален тренер на „аѕурите“, кој треба да ја крене репрезентацијата и да покаже дека не ги бива само за „катеначо“, односно крајно дефанзивната игра.

„Спалети само што ја освои титулата со Наполи, кои играа одличен фудбал. Стигна до славата со клуб кој нема победничка традиција како Јувентус, Милан или Интер во околности кои тешко се контролираат. Покажа дека е трпелив и упорен со својот стил на игра и се промовираше во еден од најдобрите тренери во Европа. Спалети е мајстор, некој кој може да предава фудбал преку својот стил. Ќе има тешкотии во репрезентацијата, но целта е да се направи скок во квалитетот, кој под Роберто Манчини не беше остварен. Ја освоивме европската титула, а потоа направивме чекор наназад и не отидовме на СП. Треба да остави печат на италијанскиот и светски фудбал и да покаже дека ние не сме само за ‘катеначо’“, пишува Саки во својата колумна во „Ла газета дело спорт“.

Scroll to Top