Интер имаше одличен старт на новата сезона во Серија А, стигнувајќи до 2:0 победа над Монца, додека Фиорентина ги врати новите прволигаши Џенова во реалностат, победувајќи со убедливи 4:1 во првото коло на шампионатот.
Ѕвезда на „нераѕурите“ повторно беше Лаутаро Мартинез, кој ги постигна двата гола за „нераѕурите“. Аргентинецот прво уште во осмата минута ги донесе домаќините во водство, за потоа во 76. минута, новото засилување на тимот на Симоне Инзаги, Марко Арнаутовиќ да му асистира за вториот гол.
На „Мараси“, пак, Фиорентина ја презеде контролата на мечот против Џенова во првото полувреме – Бираги (5.), Бонавентура (11.) и Нико Гонзалез (40.) донесоа 0:3 водство. Мандрагора во 56. минута зголеми на 0:4, пред Бираски да намали на 1:4 две минути подоцна.