Манчестер јунајтед преговараат со Фенербахче за трансфер на турскиот голман Алтај Бајиндир за 6 милиони фунти, за да биде главна замена за првиот голман, Андре Онана, тврдат турските медиуми.
Бајиндир е прв голман на Фенер од 2019 година и има 12 настапи за турската репрезентација, но доби дозвола да преговара, а тој заминал од Турција заедно со неговиот агент, јавува „Фанатик“.
Јунајтед веќе го купија Онана за 47 милиони фунти од Интер бидејќи решија да не му го продолжат договорот на Давид де Геа, а исто така го пратија Нејтан Бишоп на позајмица во Сандерленд, додека Дин Хендерсон е поврзуван со трансфер во Кристал палас. Фенербахче, пак, замената за Бајиндир ја бара во голманот на Динамо Загреб, Домини Ливаковиќ.