Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски е на чекор до потпис на договор со Козенца, откриваат италијанските медиуми. Ова е пресврт во преговорите, ако се знае дека тој беше речиси договорен со Тернана.
Несторовски треба да потпише договор за една сезона, и веќе ја договорил и платата во износ од 200.000 евра, плус дополнителни бонуси.
Козенца ќе вметне и клаузула за автоматско продолжување на договорот за уште една година, доколку тимот ги исполни целите, а напаѓачот ја исполни очекуваната бројка на настапи и постигнати голови.