Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд доби предизвик за трка на 400 метри од „најсекси атлетичарката на светот“, Германката Алиса Шмид.
Норвешкиот напаѓач, кој минатата сезона имаше 52 гола за да помогне Сити да освојат тројна титула, имаше максимална брзина од 36.21 км/ч во 2023 и Шмид, која има просечни 27.3 км/ч на 400 метри смета дека може да го победи Халанд во трка на еден круг, иако признава дека на 200 метри ќе и биде потешко.
„Не знам, но на 400 метри мислам дека ќе го победам. На 200 метри би било потешко. Треба да го прашам да се тркаме, јас сум секогаш подготвена“, вели 24-годишната Шмид за норвешито „Дагбладет“.
Шмид претходно го победи Матс Хумелс во 2021 година во слична трка, но да потсетиме тогаш Хумелс имаше 32 години.
Дали Алиса Шмид е најсекси атлетичарката на светот? (галерија)
Дали Алиса Шмид е најсекси атлетичарката на светот? (галерија)